| четврток, 6 декември 2018 |

За една недела 2.000 заболени од грип

grip

Минатата недела во Институтот за јавно здравје регистрирале 2.088 заболени од грип што е за 23 отсто помалку од претходната недела. Вкупната бројка на заразени оваа сезона достигна 30. 815 лица.

Дистрибуцијата на грипосаните  по месеци покажува дека најголем број на заболени лица на месечно ниво се пријавени во месец март – 12.163 или 39,5 отсто од вкупниот број.

Најголем број има во Скопје – 5.172 (17 проценти),  Куманово (2.845; 9 проценти), Прилеп (2.616; 8,5 проценти) и  Тетово (2.614; 8,5 проценти).

Епидемиолозите со став дека активноста на вирусот го задржува трендот на континуиран пад, и бројот на пријавени случаи продолжува да опаѓа. Се очекува овој тренд да продолжи до крајот на сезоната. Иста е состојбата и во еворопскиот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top