Диета 1: Пченичен гриз
Гризот е богат со цинк кој ќе го зајакне вашиот имунитет и со калциум и магнезиум кои го поттикнуваат согорувањето на мастите.
Совет: Сварете ја наутро онаа количина на гриз која ќе ви биде потребна за тој ден, ќе ви биде полесно отколку пред секој оброк да варите гриз и да чекате да се излади.
Појадок: Ставете во сад 650 мл млеко, па кога ќе зоврие додадете 50 г пченичен гриз и постојано мешајте додека не омекне. Кога ќе се олади, додадете едно јаболко и сок од свежо исцеден портокал.
Ручек: Направете запечен гриз. Една порција ладен пченичен гриз помешајте со лажица посно сирење, лажица мед и две лажици јогурт со помалку маснотии. Изматете една белка и додадете ја во смесата. Се заедно ставете во огноотпорен сад и печете во рерна околу 15 минути на 180 степени. Со ручекот изедете и една мандарина со малку цимет.
Вечера: Засладете ја вечерта со гриз и со малини! Помешајте една порција варен гриз со пола лажичка мед и 50 г јогурт. Потоа на смесата додадете свежи или замрзнати малини и една лажица мед.
Диета 2: Ориз
Со помош на оваа диета ќе го исчистите организмот од вишокот вода. Заради доволната количина на калиум, ќе го исчистите организмот и од штетни материи. Исто така, витаминот Б кој ќе го добиете со оваа диета, го чува нервниот систем.
Појадок: Оризовите снегулки пoмешајте ги со 50 г посно сирење, 50 мл млеко со помалку маснотии и 100 г исечкано манго.
Ручек: Сварете 40 г интегрален ориз. Додека оризот се вари, направете вкусен прелив од 100 г исечкано манго, 4 лажици вода, сок од пола свежо исцеден портокал и лажица сок од лимон. Како зачини можете да користите и кари, чили во прав, сол и мед.
Вечера: Направете салата такашто ќе помешате 40 г варен интегрален ориз со 100 г исечена црвена пиперка, 4 лажици сурутка, сок од половина портокал, чили во прав и две лажици сок од лимон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.