| четврток, 6 декември 2018 |

Без Чавез, започнаа немири во Венецуела

45273F6B8888974C8971B3389DD02C6CВенецуелската полиција употреби денеска солзавец во обид да ги смири судирите, кои избувнаа во центарот на Каракас меѓу противниците на Владата и приврзаниците на покојниот претседател Уго Чавес, пренесува МИА.

Неколку стотици студенти се собраа во пресрет на претседателските избори, кај седиштето на изборниот одбор, барајќи фер и отворено гласање, кога ги спречија приврзаниците на Владата, фрлајќи кон нив со камења, шишиња и јајца.

Полицијата испука три канистери солзавец врз најмалку 150 приврзаници на Владата и формираше кордон меѓу двете страни.

По смртта на претседателот на Венецуела Чавес претседателските избори во таа земја се закажани за 14 април, а за в.д. шеф на државата е именуван Николас Мадуро.

Тој на изборите ќе излезе како кандидат на владејачката партија, додека лидерот на опозицијата Енрике Каприлес ќе биде негов противкандидат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top