Клубот Матица во соработка со Центарот за култура во Битола, од 2 до 5 април, во и пред Центарот ќе организира саем на книгата. „ДА“ за КНИГА во Битола, со исклучително богата и разновидна понуда со автори, наслови и илјадници приказни. Во рамките на Саемот, ќе бидат организирани и неколку промоции и претставувања на најновите дела од истакнати македонски писатели што потекнуваат, живеат и творат во Битола.
Вечерва, со почеток во 19.00 часот, во малата сала на Центарот за култура во Битола ќе се одржи промоција на најновата поетска книга на Раде Силјан „Отворена книга“, а за делото ќе говори Златко Жоглев, ректор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.
Во петок, 3 април, во 12.00 часот ќе се одржи средба со Добре Тодоровски, а ќе биде претставена неговата најнова книга „Трите смртни пресуди на Павел Шатев“.
Во сабота, 4 април, во 12.00 часот ќе биде претставено творештвото на Петре Димовски.
Во недела, 5 април ќе бидат донирани книги од продукцијата на издавачката куќа „Матица македонска“ на институции во градот.
-Да читаме повеќе за да бидеме подобри луѓе, а мудроста од книгите да ја преточиме во нашето секојдневие, ова е меѓу другото еден од основните мотиви за турнеја на книгите низ Македонија, која од денеска почнува во Битола – велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.