| четврток, 6 декември 2018 |

И Ракчевиќ останува во Металург

фото: Р.К. Металург

фото: Р.К. Металург

По Ренато Вугринец, кој пред два дена потпиша двегодишен договор со Металург, денес истото го направи и Младен Ракчевиќ. По вечерниот тренинг, Младен го продолжил својот договор за уште две години.

-Јас сум навистина среќен што буквално за две минути се договорив со раководството на клубот и го продолжив својот договор за уште две години. Во ниту еден момент не размислував за било која друга солуција сем договор со клубот во кој сум пресреќен и во кој ги поминав најубавите три години. Во текот на целокупниот мој престој во Металург, постојано ја чувствувам подршката на спонзорот на екипата, на раководството, на тренерот и на сите луѓе кои се ангажирани во клубот. Посебно почитување чувствувам кон претседателот на клубот Ристо Чокрев, човекот кој ме доведе во Металург и чија подршка ја имам во сите овие години. Ја користам приликата да им се заблагодарам на сите. Со посебен елан се подготвувам за сите тешки средби што не очекуваат до крајот на сезоната, почнувајќи од саботниот натпревар против екипата на Динамо Минск, па се до крајниот натпревар во кој ќе треба да се избориме за четврта по ред титула во првенството на Македонија – е изјавата на Ракчевиќ која Металург ја објави на својот сајт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top