Со повеќе од милион следбеници на „Твитер“ и без дипломатско искуство, ќерката на покојниот венецуелски лидер Уго Чавез дебитираше вчера како заменичка на постојниот претставник во ОН.
Марија Габриела Чавез се појави вчера на Денот на солидарноста, кога Сирија, Русија и други држави се здружија против САД поради неодамнешните санкции против седум високи службеници на оваа социјалистичка држава.
Ќерката на Чавез на позицијата е поставена во август со големо противење на опозицијата во Венецуела. Марија Габриела беше неофицијално прва дама на својот разведен татко, кој има четири деца. Таа го придружуваше на службените патувања и присуствуваше на официјални настани.
Марија Габриела Чавез има дипломирано новинарство, но со многу мало искуство. Според аналитичарите, нејзиното поставување за претставник во ОН е обид на претседателот Николас Мадуро да ги зајакне своите врски со популарниот поранешен лидер.
Венецуела годинава го презема двегодишното место во Советот за безбедност на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.