Голманот на РК Вардар Арпад Штербик го прифати предизвикот кој го започна играчот Веспрем Ласло Наѓ. Штербик се обиде од три различни позиции да ја погоди кострукцијата од голот. Новиот предизвик наречен „Постигни повеќе“ веќе на големо кружи меѓу ракометарите ширум Европа.
Арпад беше повеќе од успешен погодувајќи ја двапати пречката со изговор дека тој е сепак голман, а не играч.
За следни ракометари Штербик ги предизвика Сергеј Рутенка од Барселона, неговиот соиграч голманот Даниел Шариќ како и левото крило на црвено-црните Тимур Дибиров.
ScoreMore Sterbik from rkvardar on Vimeo.
видео: РК Вардар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



