Ендру Хачинсон, 29-годишниот болничар, кој од 2011 до 2013 година работел во болницата Редклиф во Оксфорд, признал дека се снимал себе си како силува пациентки во бесвесна состојба на оделението за итни случаи.
Тој пред судот во Оксфорд ја признал вината по 27 точки од обвинението, за силување и воајеризам, при што меѓу жртвите биле и десетгодишни девојчиња.
Хачинсон е уапсен откако бил фатен дека тајно снима жени и малолетни девојчиња во Рекреативниот центар „Вајт хорс“ во Абингдон (Оксфордшир).
Инспекторите ја пребарале неговата куќа каде најдени биле снимки на кои се гледа како сексуално злоупотребува две жени од 18 и 35 години, додека лежеле во бессознание.
Исто така било пронајдено и голема колична на детска порнографија и други снимки кои ги направил со мобилен телефон, компјутерска опрема и камера.
Полицијата стапила контакт со сите жртви за да ги извести дека биле жртви на силување и воајеризам.
Хачинсон се наоѓа во притвор и ќе биде осуден на 27-ми април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја приклештил до стаклото и допирал насекаде, додека другите гледале: Фатен манијакот кој напаствувал девојче!
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Гостиварка нападната од манијак: Ја чекал да влезе во зграда за да ја силува