| четврток, 6 декември 2018 |

Ја приклештил до стаклото и допирал насекаде, додека другите гледале: Фатен манијакот кој напаствувал девојче!

Белградската полиција го уапси И.М.(37), манијакот кој напаствувал 12 годишно девојче во трамвај во Белград, додека останатите патници немо гледале.

Манијакот е уапсен откако на социјалните мрежи се појави ужасна снимка на кој јасно се гледа како возрасен маж му приоѓа на девојчето и почнува да го гали. Уплашеното девојче се обидело да го оттурне од себе, но тој станувал се поагресивен.

Она што е посебно шокантно е фактот дека веднаш зад девојчето седеле неколку патници кои ништо не направиле да му помогнат на девојчето, па дури ни да го известат возачот на трамвајот да го сопре возилото.

Видеото од нападот може да го погледнете тука.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top