| четврток, 6 декември 2018 |

„Ставете ги маските“ денеска напладне во книжарницата „Феникс“

Издавачката куќа “Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација ипрезентација“Македонија презент“Скопје на 1 април 2015 година, со почеток во 12 часот организираат манифестација “Ставете ги маските“.

Манифестацијата ќе се одржи во Културниот центар “Феникс“, а симболично ќе земат учество и деца од неколку градинки и училишта со нивните маски, при што ќе бидат избрани најдобрите маски и наградени со книги.

На манифестацијата ќе бидат изложении најдобрите ликовни дела од Меѓународниот конкурс на тема“Карневал“.

Додека пак,  новоформираниот Иницијативен одбор ќе го најави започнувањето на Скопскиот карневал, кој во иднина се планира да биде традиционален.

Инаку, наскоро ќе излезе од печат книгата “Карневалите и карневализацијата“ од авторот проф. др Христо Петрески во издание на Издавачката куќа “Феникс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top