| четврток, 6 декември 2018 |

„Jугохром“ поставува филтри, ќе се намалат штетните гасови и ќе има нови вработувања

југо

Консултатнот од италијанска компанија „Интерсил“ која ќе ги поставува филтрите и кој досега поставувал филтри на околу 60 фабрики низ светот, Франсоа Шмит, истакна дека по поставувањето на истите од оџаците на фабриката нема да се гледа никаков чад и никаква прашина.

-Луѓето кои живеат наоколу кога ќе се разбудат наутро ќе мислат дека фабриката не работи, односно е затворена, затоа што нема да видат никаков чад од оџаците, истакна тој.

Моментално се работи на системите за отпрашување на двете најголеми печки кои представуваат скоро 50 отсто од целиот капацитет. Се очекува филтерот на овие две печки да биде монтирани до крајот на годината, а останатите до крајниот рок 31.октомври идната година.

југо2

-Интензивно работиме на системот за отпрашување во Југохром кој треба да опфати три посебни системи кои во принципи се три фабрики со габаритни димензии и за кои се издвоени релативно големи финансиски средства. Според одобрението кое го имаме од Министерсвото за животна средина и просторно планирање до крајот на април треба да направиме пресек на состојбата за реализацијата на системот. Избравме техничко решение со имплементирање на најсовремени техники за изградба на филтрите, истакна техничкиот директор на Југохром- Славко Стојчески.

Дури 90 отсто од вкупната опрема која е потребна, како што нагласи Стојчески, ќе биде произведени и монтирани од македонски компании. Ќе се увезуваат само компоненти кои не се произведуваат во државава, како што се филтер вреќи изработени по најсовремени техники, вентилатори и мотори.

-Оваа инвестиција конечно ќе обезбеди работење на фабриката за подолг временски период, со тоа што ќе обезбеди и вработување на поголем број на луѓе, на самите постројки за отпрашување. Дополнително и дел од вработените кои во моментот не работат поради тоа што моравме да ја редуцираме работната сила, ќе бидат вратени на работа – додаде Стојчески.

Подготовката околу поставувањето на филтрите во Југохром, според инжењерот  по металургија Бошко Ников, е најголемиот чекор бидејќи се работи на двете најголеми печки кои претставуваат половина од вкупниот капацитет на фабриката и со тоа, нагласи тој, може да се очекува барем половина од штетните честички кои се емитираат во воздухот да бидат намалени.

југо3

Југохром има голем број на вработени, од кој најголем дел, како што посочи главниот инжењер за производство, Мусадик Рустеми се од општините Јегуновце и Теарце.

-Фабриката ќе работи се додека не бидат готови филтите кои ќе се монтираат на печките, само за време на монтирањето работата ќе биде во прекин, по што печките веднаш ќе бидат пуштени во производство со монтирани филтри – истакна главниот инжењер за производство во Југохром, Мусадик Рустеми.

Југохром како комбинат за производство на феросилицум користи  камен јаглен кое што секое домаќинство може да го косристи за греење и кварц при што во воздухот се емитира јаглероден диоксид.

-Една печка има два оџаци до кои ќе бидат поврзани големи цевки со дијаметар од 2 до 3 метри и истите ќе бидат поврзани со голем вентилатор. Во еден филтер ќе има два фена со моќност од 500 киловати, односно многу моќни вентилатори. Бидејќи гасовите што се испуштаат се многу топли ние користиме волнен фиберглас за филтер вреќите, со силикон и тефлон – појасни италијанскиот консултант Франсоа Шмит.

југо4

Прашината која се ослободува при производството може да се искористи при производство на бетон, односно да го подобри квалитетот на бетонот.

Југохром моментално брои околу 1.100 вработени и произведува феросилициум, легура која во главно се користи како суровина во челичната индустрија. Фабриката  учествува со 2 проценти во БДП на земјава и 7 отсто во извозот од металопреработувачката индустрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top