Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, заедно со неколку невладини организации на Сорос бараше затворање на фабриката „Југохром“, со тврдење дека таа го загадува градот и ги труе тетовци.
Под тој притисок „Југохром“ се затвори пред неколку месеци и 700 работници, Македонци и Албанци, останаа без работа, а нивните семејства без приходи.
Но овие денови, иако „Југохром’ не работи, Тетово е повторно на врвот на листата на најзагадени градови, што докажува дека загадувањето е последица од други локални фактори, особено греењето, дивата депонија во Тетово и возилата.
Градоначалничката Арифи и по четири години власт сè уште нема преземено посериозни мерки за ублажување на оваа ситуација во Тетово. Нејзиниот политички притисок резултираше со затворен „Југохром“ и отпуштени 700 работници, а нејзиното неработење со многу голема загаденост на градот Тетово, на штета на сите граѓани.
На полноќ Тетово беше најзагаден град во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.