Синдикалната организација на комбинатот Југохром од Јегуновце најавува протести пред Владата доколку до крајот на неделава не оствари средба со премиерот Зоран Заев во однос на статусот на комбинатот.
Во денешното барање за средба испратено и до медиумите се наведува дека Синдикатот побарал состанок со премиерот на 17- минатиот месец, но од неразбирливи причини за нив тоа не се реализирал.
– Затоа со овој допис Ви се обраќаме со барање за одржување итна неодложnа средба. Доколку до крајот на неделава не се одржи средбата, ние како Синдикат ќе бидеме принудени поради огромниот притисок на напуштените работници да организираме синдикални протести пред Владата на РМ – стои во барањето.
На почетокот на ноември лани Државниот инспекторат за животна средина донесе одлука за затворање на „Југохром“ бидејќи во предвидениот рок, кој истече на 31-ви октомври сѐ уште не беа поставени филтрите за отпрашување на воздухот.
Синдикатот на „Југохром“ бара средба со Заев, во спротивно најавува протести пред Владата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Југохром“ со кредит од Владата ќе купува филтри
-
Теута Арифи бараше затворање на „Југохром“, луѓето останаа без работа, a Тетово е повторно најзагаден град
-
Димитриев и Пешевски на средба со синдикатот и менаџерскиот тим на Југохром
-
СДСМ со нова лага: Шилегов тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ги отпуштило работниците од „Југохром“, а СДСМ потпиша договор дека ќе ја затвори фабриката