| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев и Пешевски на средба со синдикатот и менаџерскиот тим на Југохром

Претседателот на Владата Емил Димитриев и заменикот на претседателот на Владата Владимир Пешевски денеска остварија средба со претставници на синдикатот и на менаџерскиот тим на компанијата Југохром која двете страни ја оценија како конструктивна, беа разменети мислења и податоци во врска со актуелната состојба со која се соочува компанијата Југохром.

-Владата цени дека во решавањето на овој предизвик треба да се земаат во предвид интересите на вработените, интересите за почитување на еколошките стандарди и интересите на компанијата. Владата смета дека постои можност, простор и зона на прифатливост за усогласување на овие три интереси, без ниту еден интерес да наштети на другите интереси, стои во соопштението од Владата.

Sredba-Vlada-pretstavnici-768x396

Деталите и опциите за усогласување на трите интереси квалитетно би можеле да се разработат од страна на политичката Влада.

Постоечката Влада во рамките на своите ингеренции ќе продолжи да има полно внимание на оваа тема, и останува отворена за дискусија со сите заинтересирани страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top