На многу спортски ѕвезди барем еднаш им е поставено прашањето од страна на новинарите со што би се занимавале да не бевте врвни спортисти.
Секако, новинарите истото прашање ѝ го поставија на хрватската ѕвезда во Реал Мадрид, Лука Модриќ и добија интересен одговор.
Кога не би бил фудбалер, најверојатно би бил келнер.
– Најверојано би бил келнер. Сепак го избрав фудбалот и не згрешив – изјави Лука Модриќ.
Покрај тоа, Модриќ изјави дека е пресреќен во Мадрид и дека е задоволен од животот во шпанската престолнина. Тој не жали за ништо во кариерата.
– Во фудбалот поминав многу убави моменти досега и склопив голем број пријателства. Сепак во Реал ми е најдобро – заклучи хрватскиот виртуоз.
За среќа Модриќ го избра фудбалот и покажа колкав мајстор е всушност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Момчето со волците на Велебит: Сензационални снимки од Лука Модриќ додека чувал кози, волците го следеле до дома (видео)
-
Лука Модриќ ја освои „Златната топка“
-
Има милиони, а фура телефон од 100 евра: Лука Модриќ шокираше да доделувањето на ФИФА наградите!
-
Модриќ може да замине во Интер: Перез ја соопшти цената


