Пет ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ, Амандин Лејно, Барбара Лазовиќ, Маја Сокач и Ања Алтхаус, денеска од 13 часот ќе продаваат билети, ќе потпишуваат автограми и ќе се фотографираат со сите што ќе дојдат во СЦ „Јане Сандански”.
Вториот дел од карванот што почна во саботата во „Сити мол“, сега ќе биде во салата во СЦ „Јане Сандански“. Ракометарките ќе продавата билети, а сите што тука ќе го купат својот билет за натпреварот со Ѓер, закажан за 4 април, ќе добијат и картичка за попуст од 30 отсто на новата колекција што може да се искористи викендов (4 и 5 април).
На дружењето ќе има промоција на новиот рекламен видеоспот на „Витаминка“ за „деспина“, официјалниот бисквит на ЖРК Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.