| четврток, 6 декември 2018 |

Балетот „Лебедово езеро“ во МОБ

lebedovoezero

Балетската претстава „Лебедово езеро“, која е ремек-дело на балетската класика, вечерва ќе биде изведена во Македонската опера и балет (МОБ).

„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат: во улогата Одета/Одилија, Мими Поп Алексова Атанасовска; улогата на Принцот Зигфрид ќе ја толкува гостинот од Србија Јован Веселиновиќ; Ротбарт, Игор Веланоски, Па де Труа Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска и Гиорги Беридзе од Грузија.

Со оркестарот на МОБ ќе диригира Ѓорѓе Павловиќ од Србија. Ќе настапи комплетниот балетски ансамбл на МОБ.

Од МОБ информираат дека првенците на Балетот, Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, денеска ќе гостуваат во Народно позориште во Сараево во претставата „Дамата со камелии“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top