Словенечкиот премир Миро Церар побарал оставка од министерот за одбрана во врска со спор околу продажбата на државниот „Телеком Словенија“.
Церар денеска по средбата на неговата коалиција изјави дека очекува Јанко Вебер да замине од функцијата бидејќи наредил на тајната служба на армијата да анализира какво влијание може да има врз безбедноста продажбата на телекомот. Церар изјави дека ќе побара од парламентот да го смени Вебер од функцијата ако тој сам не поднесе оставка до вторник.
Вебер, кој е член на најмалата коалициска партија на левиот центар „Социјалдемократи“, изјави пред репортери дека нема да поднесе оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.