Новоизбраниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ги објави имињата на новите членови на кабинетот, откако тој, според референдумот во 2017 година, ќе ја води и владата на земјата, а најмногу паѓа во очи именувањето на зетот Берат Албајрак за министер за финансии и даноци.
Албајрак досега беше министер за енергетика, а во 2004 година се ожени со ќерката на Ердоган.
Лирата вчера достигна најниско ниво од обидот за државен удар до 2016 година – падот беше 3,8% до 4,7488 по долар. Во вторникот наутро, локалната валута го надомести својот мал колапс од минатата ноќ и во 13.30 часот се тргуваше со 4,7164 по долар.
Од почетокот на годината, турската валута изгуби 20% од својата вредност во однос на доларот. Според коментарите на Албајкар за време на изборната кампања на Ердоган, ова е резултат на странски “акции” насочени против турската влада.
Назначувањето на Албаикар е уште еден сигнал од Ердоган каде турската економија ќе се движи во текот на следните неколку години. Со години тој беше остар критичар на високи каматни стапки и отворено ја нападна турската централна банка за монетарната политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.