| четврток, 6 декември 2018 |

Балетот „Лебедово езеро“ утре на сцената на МОБ

Утре (вторник) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, која е ремек-дело на балетската класика.

„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат: во улогата Одета/Одилија, Мими Поп Алексова Атанасовска; улогата на принцот Зигфрид ќе ја толкува гостинот од Србија Јован Веселиновиќ; Ротбарт, Игор Веланоски; Па де труа: Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска и Гиорги Беридзе (Грузија).

Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Ѓорѓе Павловиќ од Србија.Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top