| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на поранешната девојка на Лубиц: Навечер се будеше препотен и врескаше „паѓаме“!

andreasLubic

Поранешната девојка на пилотот Андреас Лубиц, позната само како Мариа, го опишала како личност која се борела со своите демони. Таа работела како стјуардеса, а со Лубиц се запознала на еден лет по што почнале голема љубовна романса која ја конзумирале по хотелски соби низ Европа и Германија. Мариа вели дека верува дека тој го урнал авионот затоа што знал дека поради болеста не можел никогаш да лета за Луфтханза.

Лубиц во јавноста бил „пристоен и отворен“ но приватно му недостигало самодоверба. „Беше добар човек кој знаеше да биде сладок“ раскажува Мариа.

– Разговаравме многу за работата, а тогаш стануваше целосно друга личност. Го нервираа околностите во кои мораше да работи, премалку пари, потешкотии поради договорот, преголем ризик, вели таа.

Со Марија раскинал затоа што таа повеќе не била во состојба да се носи со неговите сепоголеми проблеми и се потежок карактер.

– За време на нашите разговори одеднаш почнуваше да вреска на мене. Се плашев од него. Еднаш дури ме заклучи во бања на подолго време. Ноќе се будеше препотен и во страв викаше „Паѓаме“! Се закануваше со спектакуларен гест поради кои сите ќе го паметат, рекла Мариа.

Само неколку недели пред трагедијата Лубиц наводно купил две аудија, едно за себе, едно за неговата поранешна партнерка, спомнатата учителка,  во очајнички обид да ја убеди да остане со него. Само едниот автомобил бил испорачан, што би можело да значи дека девојката го одбила доставувањето на другиот автомобил.

Полицијата ги истражува тврдењата за оваа купопродажба и воедно голема потрошувачка од страна на Лубиц. Според авиоекспертот Фабризио Поли, Лубиц како пилот на Џерманвингс годишно можел да заработува околу 130.000 евра, но голем дел од парите сигурно ги враќал во Луфтханза за да ги плати скапите трошоци за обука.

Лубиц неделите пред трагедијата очигледно се соочувал со фактот дека е болен, но за сега неидентификуваната болест ја криел од своите работодавачи. Ако му се заканувало губење на пилотската дозвола, сигурно се продлабочиле неговите финансиски грижи. ТОа што е сигурно е дека на кобниот лет добил лекарска документација според која требало да биде на боледување, но документот го искинал. Пронајдени се уште пет слични документи исто така искинати. Во обвинителството во Дизелдорф од уништувањето на документите заклучуваат дека ја криел болеста пред колегите и работодавците. За каква болест станува збор не е официјално потврдено. Во болницата во Дизелдорф бо која бил минатиот месец кратко наведува дека кај нив бил на „дијагностичка евалуација“. Одбиваат да прецизираат од што боледувал, но ги демантираат германските медиуми дека се лекувал од депресија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top