| четврток, 6 декември 2018 |

Роднините на жртвите од „Џерманвингс“ ја одбија понудената отштета

Членовите на семејствата на загинатите патници при уривањето на авионот на „Џерманвингс“ на француксите Алпи на 24 март оваа година, ги одбија понудените 25.000 евра отштета по лице, јави ДПА.

Germanwings A320 crashes over French Alps-Dobrindt and Steinmeier

Според адвокатот на 36 од семејствата на жртвите, Елмар Гимула, отштета што ја понуди компанијата-мајка на „Џерманвингс“, „Луфтханза“ е недоволна. Гумула рече дека семејствата сметаат оти „поптифатлива би била сума од по 100.000 евра“ по жртва.

Семејставта го одбиле и вториот предлог на „Лифтханза“ за исплата по 10.000 евра на секој жив родител, дете или партнер на загинатите. Според Гумула, со ваквата понуда би биле опфатени само „ограничен круг на луѓе“.

Во авионот на „Џерманвингс“, кој според истрагата намерно го урнал копилотот Андреас Лубиц, загинаа 150 патници и членови на екипажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top