| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали: Лубиц боледувал од „тешка психосоматска болест“

lubicДеталите кои пристигнуваат од светските медиуми во врска со копилотот Андреас Лубиц кој го урна авионот на Џерманвингс во францските Алпи со 149 патници и членови на екипажот продолжуваат да ја згрозуваат јавноста.

Британските Дејли меил пишува дека Лубиц во неделите пред трагедијата побарал лекарска помош поради проблеми со видот. Лубиц на 10 март бил на преглед за видот поради страв дека тоа може да му предизвика проблем во неговата кариера.

До новите сознанија за нарушениот вид на копилотот е дојдено откако полицијата во неговиот дом нашла докази кои упатуваат на тоа дека тој пател од „тешка психосоматска болест“. Истражителите пребарувајќи го неговиот стан во Дизелдорф нашле лекови со кои се лечат психички болести.

Не е познато колкав бил проблемот со очите на Лубиц, но два службеници упатени во истрагата рекле дека е можно проблемите со видот да се последица на психосоматски болести, пишува Њујорк Тајмс.

До последното откритие е дојдено откако германските истражители откриле дека 28 годишниот Лубиц на денот на трагедијата требало да биде на боледување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top