| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Заев сѐ уште молчи за хациендата?!

kuka_2500Најновата афера која одекнува со хациендата на Заеви на Халкидики која е купена по неколкукратно пониска цена од пазарната се уште отвора легитимни дилеми кои само го зголемуваат скандалот.
Прво, со ова се докажа дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев не ја говори вистината за речиси ниту една тема. Тој пред целата македонска јавност изјави дека сето она што го поседуваат тој и неговото семејство се наоѓа во Македонија. Зошто го премолчи постоењето на оваа луксузна хациенда, Заев не се чувствува должен да одговори пред граѓаните.

Заев очигледно заборава какви одговори има дадено во интервјуата, па со самото тоа сам се фаќа во лага по кој знае кој пат. Имено, пред извесно време лидерот на СДСМ во интервју за МРТ тврдеше дека ниту тој, ниту некој од семејството негово немаат имоти надвор од Македонија.

-Семејството Заеви се мои први братучеди, мои втори братучеди со презиме Заеви. Моите братучеди заедно со брат ми ги водат овие фирми во последните три, четири пет години, сигурно, може и повеќе. Сè што имаме нѝ е овде во Македонија, истакна Заев.

Хациендата на грчкиот полуостров веднаш до морето и молкот на Заев се комбинација која го подгрева сомнежот дека веројатно се работи и за уште едно прекршување на законот.

Јавноста се прашува како е можно Заеви да станале сопственици на луксузна хациенда на самиот брег на Егејското Море по толку ниска цена.

Лидерот на СДСМ молчи, дали хациендата во Грција е платена во кеш и доколку е така,како неговите братучеди успеале да изнесат над 100.000 евра готови пари од граница, ако се знае дека законите дозволуват, најмногу 10.000 евра по човек.

Дали парите биле илегално изнесени од границата, на кој начин и кој ги изнесувал парите ако било платено во готово?

Она за што исто така Заеви должат објаснување е како ја постигнале нереално ниската цена за овој имот.

Огласите на агенциите за недвижности велат дека таква куќа чини најмалку три до четири пати повеќе од сумата од 110.000 евра која ја платиле Заеви. Пребарувањето по огласите за недвижности откриваат дека околните куќи во елитното место крај Егејското Море достигнуваат цени кои се неколкукратно повисоки, од 350.000, 400.000 евра, а има и такви чија продажба цена достигнува и до 800.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top