| четврток, 6 декември 2018 |

Амал Клуни: Нe готвам, ниту ме интересира тоа

клуни

Амал Клуни (37), сопруга на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни (53), не готви и не се срами да каже дека тоа воопшто не ја интересира во животот.

Убавата и елегантна британска адвокатка со потекло од Либан, која минатиот септември се омажи за актерот, наскоро би можела да стане пример на сите жени кои не сакаат да поминуваат време во кујната.

Пред неколку дена, кога познатиот њујоршки готвач Сал Скоњамило ѝ подарил примерок од своите книги со рецепти, Амал едноставно му рекла:

– Дали ти личам на некој што готви? Не, јас не готвам! Веројатно не мислиш дека ќе го научам тоа?

Според пишувањето на италијанскиот весник „Кориере де ла сера“, готвачот на ресторанот „Петсис“, омилениот италијански ресторан во Њујорк, останал вчудовиден од нејзиниот одговор.

Фактот дека со Амал била и нејзината свекрва Нина е во корист на адвокатката која пред мајката на својот сопруг не се трудела да изигрува „совршена домаќинка“.
Амал не готви затоа што нема време поради својата работа, туку едноставно затоа што тоа не ја интересира. Таа е стручњак за меѓународно право, а држи и предавања на Универзитетот „Колумбија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top