И додека Заев го обвинува Груевски за имот за кој Заев тврди дека е на кум од првиот брак и за се и сешто го обвинува братучедот на премиерот, Мијалков, кога некој ќе го праша за куќата во Грција за која добил попуст од стотици илјади евра, очигледно за она што го прави и целово сценарио, тој одговара дека тоа е на негови роднини и не го интересира. А тоа се истите роднини со кои тера криминал и дели тендери и има заеднички фирми, капитално изврзан и испреплетен во повеќе бизниси.
Само во 2012 година фирмите на кланот Заеви во кои сопственици се таткото, чичкото, братот, братучедите и други бизнис партнери на Зоран Заев оствариле нето добивка преку своите фирми од 121.642.000,00 денари или 2 милиони евра. Тука се вбројуваат скоро сите фирми на семејството Заеви како:
- Фирмата ЈАВОР-ТРАНС ДООЕЛ Струмица на Горан Крстев, бизнис партнер на Вице Заев, остварила нето добивка од 8.410.257,00 денари.
- Фирмата ЈАВОР-ШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Струмица на Симеон Крстев, татко на Горан Крствев, остварила нето добивка од 11.125.229,00 денари.
- Фирмата ТРГОПРОДУКТ ДОО увоз-извоз Струмица на братучедите Катерина Бојовиќ Заева, Бобан Заев и стрината Убавка Заева, остварила нето добивка од 6.076.156,00 денари.
- Фирмата ФРЕНКИ ДОО експорт-импорт Струмица на братучедот Трајче Заев, инаку позната на јавноста по скандалот со затруените корнишони во Хрватска, остварила нето добивка од 15.299.306,00 денари.
- Фирмата ЕЛЕНИЦА Струмица на братот Вице Заев и братучедите Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева, остварила нето добивка од 44.193.909,00 денари.
- Фирмата САРА-ЈАВОР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица на братот Вице Заев и неговиот бизнис партнер Горан Крстев, остварила нето добивка од 7.378.361,00 денари.
- Фирмата ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица на братот Вице Заев, остварила нето добивка од 2.772.929,00 денари.
- Фирмата ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК ДОО увоз-извоз Струмица на братучетката Катерина Бојовиќ Заева, братот Вице Заев и зетот Радиша Бојовиќ Заев, остварила нето добивка од 4.686.654,00 денари.
- Фирмата ПЕОН ДОО Струмица на братучетката Катерина Бојовиќ Заева и стрината Убавка Заева, остварила нето добивка од 20.647.778,00 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.