Полицијата го утврди идентитетот на удавената жена чиј труп попладнево беше изваден од водите на Вардар во Велешко. Станува збор за Славка Т. родена 1930 година од Велес.
Старицата денеска околу 14:30 часот се фрлила од Мало Мовче од центарот на Велес во водите на Вардар. Полицијата за немилиот настан била известена од очевидци, по што за кратко време го пронашла и извадила телото на неколку километри јужно од градот, низводно по Вардар во месноста викана Јулика.
Според СВР Велес, по наредба на јавен обвинител телото е предадено на фамилијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.