| четврток, 6 декември 2018 |

Судир меѓу турската војска и курдските бунтовници

Турската војска денеска разменила оган со курдските бунтовници во југоисточниот дел од земјата, што е еден од ретките случаи на кршење на двегодишното примирје, постигнато согласно мировниот процес меѓу властите во Анкара и Курдската работничка партија (ПКК).

Судирот се случи четири дека откако затворениот лидер на ПКК, Абдулах Оџалан изјави дека 30­годишниот бунт на оваа организација против Турција станал „неодржлив“ и ги повика своите приврзаници да одржат конгрес на кој ќе се донесе одлука за завршување на оружената борба. ­

– Турските вооружени сили гранатирале позиции на ПКК во областа Даглика во провинцијата Хакари, во близина на ирачката граница, како одговор на истреланите три гранати од страна на курдските бунтовници, соопшти Генералштабот на турската војска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top