Губењето на меморијата не е болест. Може да биде предизвикано од недостаток на витамини, болести на штитната жлезда, некои лекови, но може да биде последица на мозочен удар или ран знак на Алцхајмерова болест.
Д-р Клифорд Џек од Клиниката „Мејо“ вели дека луѓето мора да бидат свесни дека губењето на меморијата е природна последица на стареењето кај обата пола, но и дека мажите имаат поголем ризик за губење на памтењето отколку жените и тоа најчесто околу 40. година.
– Тоа е непријатна одлика на нормално стареење, но тоа не мора да значи дека ќе добието деменција. Опаѓање на меморијата е нешто што им се случува на сите – вели Џек.
Истражувањата покажуваат дека памтењето константно опаѓа од 30. до 90. година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.