Во светот на диетите и симнувањето вишок килограми постојат многу заблуди и митови кои сметаат на постигнувањето на целта.
Прескокнување на доручекот
Мит: Недоручкувањето го поттикнува организмот да ги согорува мастите.
Факт: Слабите луѓе доручкуваат, дебелите го прескокнуваат доручекот.
Прескокнувањето на доручекот води до прејадување во подоцнежните часови во текот на денот. Имено, откако нивото на шеќер во организмот ќе опадне кон средината на денот, поради силното чувство на глад ќе донесувате импулсивни одлуки и помалку ќе внимавате што и колку јадете. Освен ова, телото ќе се обиде да го надокнади недостатокот на калории предизвикано од гладувањето, па постојат големи шанси дека калориите ќе ги складира како масти, тврди докторката Мерилин Гленвил, авторка на книгата „Fat Around The Middle”.
Научниците од Pennington Biomedical истражувачкиот центар велат дека најздраво е денот да се започне со две варени јајца бидејќи вака во текот на денот чувството на глад ќе биде помало. Било кој облик на протеини во утринските часови, како омлет, мусли со ореви е одличен избор за доручек. Доколку навистина не можете да јадете наутро, научниците советуваат да изедете барем една рака ореви или бадеми еден час по будењето. Ова ќе го спречи прејадувањето и лошиот избор на храна во остатокот од денот.
Прејадување за викенд
Мит: Доколку цела недела јадете здраво, сосема е во ред преку викенд да се почестите со „забранета храна”.
Факт: Дури и доколку пет дена се воздржувате, два дена уживање во „забранета храна” ќе ве здебели.
„Да речеме дека целата работна недела внимавате на внесувањето на јаглеродни хидрати во организмот, а преку викенд се фрлате на хамбургери, сладолед и колачи – за време на викендот технички може да се здебелите и до пет килограми”, вели нутриционистката Зои Харкомбе, авторка на книгата „Why Do You Overeat”. За јаглеродните хидрати да не се претворат во масти, морате да вежбате повеќе.
Прејадувањето преку викенд може да предизвика и лошо расположение. „Луѓето едноставно сакаат опуштање, забава и нездрава храна за време на викендот. Меѓутоа, почетокот на работната недела го поврзуваат со одрекувањето и диета. Ако сте склони кон прејадување за викендот, тоа значи дека количината и видот на храната која ја јадете за време на работната недела не ве задоволува”, вели Сара Флауер, авторката на книгата „The Healthy Lifestyle Diet Cookbook”, додавајќи дека би требало да уживаме во здравата храна, а не да ја доживуваме како казна.
За да избегнете прејадување за време на викендот, во текот на работната недела дозволете си мали количини од храната која ја сакате, како на пример малку сирење, чаша вино или неколку коцки чоколадо.
Диетални пијалоци
Мит: Диеталните пијалоци не содржат калории, така да не дебелеат.
Факт: Луѓето кои пијат диетални пијалоци обично се подебели од оние кои не ги пијат.
Студијата на Универзитетот Тексас утврдила дека луѓето кои пиеле по 21 диетален пијалок во текот на неделата имале двојно поголеми шанси дека ќе бидат дебели. Друга студија има покажано дека десет години пиење диетални пијалоци го зголемува обемот на половината за речиси 70%, во споредба со луѓето кои не пијат диетални пијалоци.
„Кога организмот ќе го прими слаткиот вкус без калории кои ги очекува, се активира желбата за слатко која не наведува да јадеме повеќе. Освен тоа, во диеталните пијалоци се наоѓаат засладувачи за кои се покажало дека на глукозата во крвта и нивото на инсулинот имаат сличен ефект како и обичниот шеќер”, вели Зои Харкомбе.
Друга студија има покажано дека пиењето на диетални пијалоци го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2 до 67%. наместо диетални пијалоци, пијте минерална вода или обична вода со свеж лимон или направете лимонада, пишува Daily Mail.
„Но, тоа е здраво”
Мит: Здравата храна може да ја јадете во неограничени количини.
Факт: Здравата храна може да доведе до прејадување.
И со здрава храна може да се прејадете, а резултатот од тоа нема да биде губење на килограмите и можете да добиете уште повеќе. Само затоа што е здрава, не може да се јаде во неограничени количини.
Фобија од масти
Мит: Доколку сакате да ослабете, треба да ги избегнувате мастите
Факт: Во успешните диети, дури 30% од калориите се добиваат од масти
Истражувањата покажуваат дека дури 10% од луѓето кои ослабеле и ја задржале витката фигура, редовно јадат масти. Имано, кога во диетата ги избегнувате мастите, всушност цело време сте гладни. Луѓето кои се опседнати со храна со низок удел на масти всушност копнеат по масна храна и токму тоа е причината што често завршуваат со торта, кекси или сладолед во рацете.
Исто така, обрнете внимание да јадете да јадете доволно добри масти, како што се масните киселини омега-3 кои се наоѓаат во рибата, кокосовото масло, оревите и семките од лен. Некои истражувања упатуваат на тоа дека токму овие масти помагаат во согорувањето на мастите.
Ригорозни диети
Мит: Ригорозна диета има ефект на долгорочна виткост
Факт: 99% од луѓето на „јо-јо диета” не успеваат да ја задржат витката фигура.
„Луѓето кои практикуваат ригидни диети успеваат да ослабат, меѓутоа голем број луѓе не можат на долги патеки да практикуваат ригорозна исхрана, а кога еднаш ќе престанат да се воздржуваат, килограмите се враќаат, најчесто во уште поголема количина отколку пред диетата”, вели професорот Александар Мирас.
Истражувањето кое минатиот октомври го спровел Универзитетот во Мелбурн над 50 дебели мажи и жени покажало дека по диетите хормоните почнуваат да работат „прекувремено” и се однесуваат како телото да гладува. Студијата покажала дека кај учесниците нивото на грелинот, хормонот кој го стимулира апетитот, било за 20% повисоко по диетата, а нивото на летинот, хормонот кој го сузбива апетитот и регистрира задоволство по јадењето, бил понизок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.