Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 50 метри има на планинскиот премин Ѓавато, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Локалниот пат од Кратово до с.Каврак е прооден по една коловозна лента за патнички моторни возила, а за тешки товарни возила сообраќајот е сеуште забранет.
На патниот правец Р1205 Крупиште-Пробиштип кај с.Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



