| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачката на „Негатив“ доживеала два инфаркти

Српската пејачка Ивана Петерс, главниот вокал на рок-групата „Негатив“ пред десетина дена доживеала срцев удар и била итно оперирана, пренесуваат српските медиуми.

На 40-годишната пејачка и се слошило после снимање на една емисија. Веднаш била пренесена со Брза помош до Клиничкиот центар во Белград, каде и е вграден стент поради проблеми со срцето. По прегледот е заклучено дека имала дури два инфаркти.

Таа неколку дена се задржала во болница, а подаради брзото опоравување е пуштена на домашно лекување.

Групата „Негатив“ често настапувала во Македонија и секогаш се пречекани со голем интерес од публиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top