| четврток, 6 декември 2018 |

Кога се работи за нивен бизнис на Заеви не им пречи јазикот на БЈРМ

zaevikuka13

Идентитетот и јазикот за семејството на Заев и не се толку важни, барем кога станува збор за нивен бизнис. Ова го покажуваат документите од купопродажбата на хациендата, со кои Заеви стануваат сопственици на трикатна куќа до самото Егејско море на Халкидики. 

Според преостанатите два договори сна Заеви, кои денеска ги објави порталот „Пресс 24“ може да се види дека во ист ден, Заеви склучиле 3 договори на различни суми за продажба на имотот.

zaevi_kuka_10500

Во самиот договор, Заеви, ставиле потпис на документ во кој јазикот на Република Македонија се нарекува јазик на БЈРМ. На документот стои потписот на Заеви во кој пишува дека договорот ќе се преведе на два јазика, меѓу кој и јазикот на БЈРМ.

Разликата во цените отвора серија сомнежи за начинот на кој семејството Заеви станува сопственик на овој ексклузивен имот. Останува отворено прашање зошто хациендата е продадена за цена далеку под реалната и дали и кој ја платил разликата од стотици илјади евра и со каква цел?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top