Околу 200 грчки пожарникари со речиси 100 возила и 73 лица пешадија во текот на целата ноќ го гаснеа
големиот шумски пожар што изби вчера наутро во областа Сарти – Ситонија на вториот крак на Халкидики.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, пожарот не е целосно изгаснат, но ситуацијата е многу подобра за разлика од вчера, додека пак намалениот интензитет на ветрот им помага на грчките пожарникари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.