Додека во Атина врие на протестите против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја, а помеѓу два протеста посредникот Нимиц го посети и Скопје, за бугарските медиуми е најинтересна куќата на премиерот Зоран Заев на Халкидики- во туристичкото место Неа Модања, пишуваат бугарските медиуми.
Он-лајн изданијата на позвучните „Труд“,“ Монитор“, а и другите пишуваат дека луксузната куќа на Заев чинела 100 илјади евра, но истовремено пренесуваат анализи и од грчките медиуми и брокерски агенции- кои пак тврдат дека вилата на македонскиот премиер е многу поскапа од наведената сума- односно дека чини околу 300 илјади евра.
Според грчките проценки, куќа во прв ред, веднаш до морето, со три спрата не може да биде само 100 илјади евра. Во куќата, според медиумите чести гости на Заев биле политичари од Скопје и Косово, како и познати бизнисмени од земјава и странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Пожарот на Халкидики сѐ уште активен, но ситуацијата е подобра од вчера
-
Заев за грчки „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори