Состојки
500 гр пилешки стек
400 гр свежи шампињони
400 мл павлака
2 моркови
2 главици кромид
2 лукчиња
1 лажица мајонез
3 лажички исецкан свеж магдонос
1 лажичка кари
сол, црн бибер и масло
Приговување
Се става пилешкиот стек во длабок сад со вода и се вари дваесетина минути на тивок оган.
За тоа време, се сечка кромидот, лукот и морковот на мали коцки и се ставаат на оган да се пржат со малку масло. Се трга месото од оган, се мие, се процедува и се сече на поголеми коцки. Се сечкаат и шампињоните.
Кога кромидот ќе зарумени, се додава месото да се пропржи во садот, а по десетина минути се додаваат шампињоните, павлаката, мајонезот, магдоносот и зачините. Сите состојки се промешуваат, садот се трга од оган и целата смеса се става во сад за печење. Јадењето се пече во загреана рерна околу 20 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.