| четврток, 6 декември 2018 |

Пекол во туристичкиот рај: Продаваат кучешко месо, тврдејќи дека е пилешко

Бали е многу популарна дестинација за туристите, а според новите сознанија, посетителите на островот без знаење, јадат кучешко месо, мислејќи дека е пилешко.

Организацијата за заштита на животните „Анималс Австралија“ открила дека на островот масовно се убиваат кучина, а потоа месото се продава на туристите за пилешко.

– Секојдневно се фаќаат кучиња, се затвораат во кафези, им се врзуваат нозете и муцките и потоа брутално ги колат – објави „Анималс Австралија“.

Кучињата прво со денови се затворени во кафези, без вода и храна, каде што чекаат да бидат заклани, пренесува „Индепендент“.

Најмногу кучешко месо како пилешко го нудат уличните продавачи, а дури 70 отсто исто така продават кучешко месо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top