| четврток, 6 декември 2018 |

Правила за новогодишната трпеза: Никако не подготвувајте го ова јадење, носи несреќа!

Поставување на богата новогодишна трпеза нема за цел само да нѐ нахрани, туку и секое јадење треба да биде вниматено избрано бидејќи со себе носи подредена симболика на среќа, напредок и на благосостојба.

Покрај веќе традиционалното свинско печење, руска салата, салата од зелка и торта, на трпезата своето место би требало да го најдат и рибата и грозјето, а еве зошто:

Грозје

Грозјето пред сѐ е симбол на сила здравје и јачина, па се препорачува да изедете по полноќ точно 12 зрна грозје за секој месец од годината по едно за во текот на идната година да бидете секој месец здрави.

Риба

Бидејќи и за новогодишната ноќ сеуште трае Божикниот пост, рибата би требало да се најде на вашата трпеза. Покрај тоа таа симболизира и непречено движење, движење без препреки, па ви навестува лесна година во која сите нашта „ќе пливаат“.

Свинско месо

Свинското месо е симбол на изобилство и богатство.

Салата од кисела зелка

Поради својата зелена боја симболизира хармонија и добра среќа, но и долговечност.

Торта

Поради самата структура која содржи многу шеќер, тортата е симбол на страста. Потрудете се тортата да биде од што е можно побогати состојки за следната година да имате  што повеќе задоволства.

Заборавете го пилешкото

Она што никако не смеете да го имате на новогодишната трпеза е месото од пердувести животни, бидејќи тие имаат крила, па симболизираат среќа која ве напушта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top