| четврток, 6 декември 2018 |

Русите градат воени бродови слични на француските

Руската обединета корпорација за бродоградба (УБК) се подготвува да изгради воени бродови слични на француските носачи за хеликоптери од типот „Мистрал“, изјави претседателот на таа корпорација Алексеј Рахманов, додавајќи дека останува на министерството за одбрана да донесе одлука за почеток на градбата.

– Секако, ние ќе ги градиме. Не е тоа ништо премногу тешко. Од друга страна, знаеме дека за тоа е потребен добро дефиниран став и цел –  вели Рахманов.

Тој додава дека тие бродови можат да се произведат во бродоградилиштата во Санкт Петербург, на Балтичкото море.

Русија и Франција во 2011 година потпишаа договор вреден 1.5 милијарди долари, со кој е предвиден Франција да и испорача на Русија два носачи на хеликоптер од типот „Мистрал“.

Првиот таков брод требаше да и биде испорачан на Русија во средината на ноември, мината година, но поради заострување на ситуацијата на истокот на Украина, францускиот претседател Франсоа Оланд одлучи да ја суспендира испораката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top