Додека најголемиот број од младенците внимателно го составуваат буџетот и листата на гости за нивната свадбена просалава, и покрај тоа што станува збор за специјален ден, за оние најбогатите не е проблем да потрошат и 10 милони долари за една свадба. Ултра раскошна свадба пред неколку дена имале Лолита Османова, ќерка на рускиот енергетски магнат Елдар Османов и Гаспар Авдолијан, син на руско – американскиот милионер Алберт Авдолијан
Руската двојка церемонијата ја организирала ни помалку, ни повеќе во Долби театарот во Лос Анџелес, местото каде што секоја година се одржуваат Оскарите. Гостите ги забавувала Лејди Гага, а декорацијата со цвеќиња во салата чинела пола милион долари, објави „Комсомолскаја Правда“, пренесе британски „Индепендент“.
Невестата пред олтарот застанала во венчаница на Зухаир Мурад, a oткако минала по златниот тепих се преоблекла во поедноставна венчаница. Освен цветните аранжмани салата ја краселе голем број кристални лустери, а свадбената „златна“ торта била на 10 ката.
На раскошниот настан присуствувале голем број познати и влијателни луѓе од Русија, а гостите ги забавувале американската поп ѕвезда Лејди Гага и Џејсон Деруло.
Телевизиските ѕвезди од Москва, Андреј Малаков и Ксенија Собчак биле водители на церемонијата, а меѓу славните лица од Русија на свадбата биле и Светлана Лобода и Николај Басков. Во извештај на „Комсомолскаја Правда“ стоело дека „ако некој сака да ја надмине оваа церемонија, тогаш веројатно ќе треба да прави свадба на Марс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.