| четврток, 6 декември 2018 |

Русите направиле вакцина која лекува сѐ!

Руските научници откриле револуционерен лек кој ќе може да лекува рак, сида, хепатитис и туберколоза. Тајната е во модификацијата на клетките на нашиот имунолошки систем.

Научниците од рускиот град Новосибирск откриле нови ефикасни начини за борба против ракот и инфективните болести, вклучително сида и туберколоза.

Лекарите модифицирале дендритски клетки, кои се дел од имунолошкиот систем.

Директорот на научноистражувачкиот институт за фундаментална и клиничка имунологија, Владимир Козлов, вели дека лошото функционирање на имунитетот е една од причините за заболување од сида, хепатитис Б и туберколоза.

Руските научници успеале да направат вакцина на база на дендритски клетки. Во текот на лабораториските истражувања било утврдено дека модифицираните клетки им се спротивствауваат на туморите 6 пати поактивно од „обичните“ клетки.

Вакцината ги поминала клиничките истражувања – заболените од рак на дојка и јајници го примиле лекот за време и после хемотерапијата. Кај нив не се забележани несакани дејства, а покрај тоа, пациентите не се обратиле на лекар поради рецидив на болеста.

Новиот лек е ефикасен и против хепатитис Б. Научниците сметаат дека најголемата предност на вакцината е нејзината „прецизност“. Имено, таа делува само на инфицираните клетки и не им штети на здравите органи.

Во новиот институт истакнуваат дека, пред се’, би требало да се купи соодветна медицинска опрема и да се промени законодавството во сферата на здравствената заштита, за да можат новиот лек да го добијат сите на кои им е неопходен.

извор: НМД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top