| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се отвора Регионалниот летен универзитет за професори по француски јазик во Струга

19-та година по ред, Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје организираат Регионален Летен Универзитет во Струга, од 3 до 7 јули 2017, на кој ќе учествуваат повеќе од сто професори по француски јазик од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Романија, Молдавија и Ерменија.

Значаен настан во континуираната обука на професорите и наставниците, овој Летен Универзитет, организиран во партнерство со Министерството за образование и наука, како и со бројни меѓународни и регионални партнери (ТВ5 Монд, Меѓународната Организација на Франкофонијата, Регионалниот франкфонски центар за југоисточна Европа, Меѓународната Федерација на професори по француски јазик, Меѓународниот центар за педагошки науки, Стопанската и индустриска комора на Париз, итн;), им овозможува на професорите и наставниците да стекнат нови познавања во доменот на наставата по француски јазик и култура, како и иновативни техники и методи за изучување на францускиот јазик. 6 модули за обука, кои ќе ги водат врвни француски обучувачи, а воедно и богата франкофонската програма исполнета со презентации, работилници и размени на професионално ниво ќе бидат на програмата на професорите, кои не крајот на обуката ќе добијат официјален сертификат за учество.

Регионалниот Летен Универзитет во Струга секоја година доживува се поголем успех. Свеченото отварање е предвидено во понеделник 3 јули, во 18ч30, во хотел Дрим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top