Американскиот неуролог и психијатар др. Даниел Амен смета дека луѓето кои се склони на дебелеење можат да се класифицираат во четири категории: компулсивни, импулсивни, компулсивно – импулсивни или емоционални типови на личност.
Според тоа во кој тип на личности спаѓате, постои и соодвете начин за исхрана за вас.
Компулсивен тип – доколку припаѓате во овој тип на личност, вие сакате да се расправате, склони сте кон екцеси и имате проблеми со несоница. Овој тип има тенденција да се фокусира само на јадење. Иако протеините не дебелеат, таа храна го зголемува фокусирањето, што значи наместо протеини треба да јадете повеќе сложени јагленохидрати. Тие ќе му помогнат на телото да создаде повеќе сератонин кој го крева расположението.
ДА: интегрален ориз, лосос, банани, месо од мисирка, семки од сончоглед.
НЕ: Кафе и храна богата со протеини.
Импулсивен тип – во ова група припаѓате доколку јадете и кога не сте гладни, неорганизирани сте и секогаш доцните. Би требало да ги избегнувате јаглените хидрати и шеќер, бидејќи тие го зголемуваат расположението и го намалуваат нивото на самоконтрола. Доколку мислите дека му припаѓате на овој тип, јадете што е можно повеќе пилешко месо и житарки бидејќи ја подобруваат концентрацијата.
ДА: пилешко месо, месо од мисирка, јајца, житарки и зелен чај.
НЕ: Шеќер и јаглените хидрати.
Компулсивно – импулсивен тип – Вие припаѓате на овој тип доколку имате карактеристики на компулсивни и импулсивни личности, и размислувате за храна во текот на цел ден. Вие треба да се фокусирате на вежбање и редуцирање на исхраната, бидејќи тоа е најдобар начин да се ослободите од вишокот на килограми.
ДА: Консумирајте што е можно повеќе зелен чај
СОВЕТ: Поминувајте повеќе време надвор од дома, посебно доколку е времето сончево.
Емоционален тип – Емоционален тип е склон кон честите главоболки, се чувствуваат осамено и имаат ниско ниво на самопочит. Доколку припаѓате на овој тип зголемете го внесувањето на омега три масни киселини кои го смируваат телото.
ДА: Јајца, ореви, лешници, броколи
НЕ: Кафе и алкохол
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.