| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија дел од заедничкиот транзит на ЕУ и ЕФТА

ефта

Работната група на ЕУ и ЕФТА за заеднички транзит и олеснување на формалностите во трговијата со стоки донесе одлуки  на Република Македонија да и биде упатена покана за полноправно членство во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока.

Се очекува Советот на ЕУ во мај годинава да ги усвои овие одлуки, а Република Македонија до 1 јули годинава да ја доврши правната процедура за пристапување кон Конвенциите.

Одлуките се донесени на вчерашниот 158. состанок на ЕУ-ЕФТА во Брисел, Белгија на кој присустуваше и делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорот Наташа Радеска–Крстевска.

На состанокот, беше усвоен позитивниот извештај на мониторинг мисијата на Генералниот Директорат за царина и оданочување (DG TAXUD) за исполнетоста на условите за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, спроведена на почетокот на годината, а директорот на Царинската управа одржа презентација пред присутните претставници на земјите членки на ЕУ и ЕФТА за преземените активности за исполнување на условите за членство во двете Конвенции.

Престојот во Брисел, делегацијата на Царинската управа го искористи да присуствува и на состанокот на Работната група за е-Царина на DG TAXUD кој се одржува денеска, каде директорот на Царинската управа ги запозна присутните за подготвеноста на Република Македонија да пристапи кон споменатите Конвенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top