| четврток, 6 декември 2018 |

Роберт Вилсон, едно од најголемите имиња на светскиот театар доаѓа во Македонија

Едно од најголемите имиња на светскиот театар Роберт Вилсон, чиешто дело веќе половина век  претставува вистинска театарска, визуелна и уметничка револуција на сите пет континенти, ќе биде прогласен за почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје, по плејадата светски имиња што станале интегрален дел од оваа институција во нејзиното десетгодишно постоење.

Церемонијата ќе се одржи на 26 септември, со почеток во 17.30 часот во големата сала на Македонскиот национален театар . Овој свечен настан ќе започне со поздрав од театарските уметници од Македонија, потоа ќе се презентира  филмот на Саша Голдман за Роберт Вилсон „Запомни запомни“ во присуство на авторот, а ќе има поздравни беседи од ректорот на УАУ ЕФТА Јордан Пленеш и од самиот Роберт Вилсон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top