За едно деноноќие се издадени потврди на вкупно 2.797странски државјани, од кои 1.179 се од машки пол, 540 се од женски, 950 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 128 деца што патуваат без родител, на кои е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најмногубројни се државјаните на Сирија 1.126, Авганистан 880 и од Ирак 791.
Во периодот од 19.6.2015 година до 2.12.2015 година до 24.00 часот, издадени се потврди на вкупно 300.420 странски државјани, од кои, 172.234 се од машки пол, 47.352 се од женски, 64.845 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.989 деца што патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најмногубројни се државјаните на Сирија 177.130, потоа Авганистан 72.752, Ирак 29.100, Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253,Мароко 1.314,
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 2.12.2015 година до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Од почнувањето на издавањето на потврдите до 2.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 02.12.2015 година евидентирани се вкупно 19 баратели на азил, од кои 8 баратели на азил се мажи, две барателки на азил се жени, осум баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател и еден барател на азил е малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 4 баратели на азил (две малолетни лица со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Мобилните тимови на Црвениот крст кај Табановце укажале прва помош на 213 лица, додека кај Гевгелија на 1.279 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти