Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје во деновите 4 и 5 мај организира ексклузивна музичка работилница под водство на проф.Костадин Костадиновски на тема: „Од блузот до музичката авангарда“ и „ Фестивалите во Македонија и нивното значење“.
Овие теми се посебно интересни поради нивниот сеопфатен музички хоризонт во кои ќе бидат изложени и презентирани музичките карактеристики на блузот-црнечката народна музика и спиритуалот-духовната црнечка музика и неговите средби со врвни музичари што ја сочинуваат историјата на џезот. Во следната тема ќе се даде посебен акцент на фестивалите во Македонија бидејки тие претставуваат нераздвојна алка во македонската музичка култура поврзувајки ги милозвучните бои и хармонии на карактеристичните жанрови од различни подрачја во регионот на Македонија и Европа, проткаени со музички занимливости и анегдоти.
Костадин Костадиновски е наш истакнат музиколог, публицист, критичар и композитор кој дипломира на отсекот по музикологија на ФМУ-Белград.
Напишал околу 5000 критики на врвни уметници од целиот свет како и мноштво музички публикации меѓу кои познатата музичка монографија „Трајко Прокопиев-животно дело“ и делото „Од блузот до музичката авангарда“ која се користи како литература на катедрата по естрада на музичката академија во Софија. „Одгласи од концертните сали“-публикација која содржи музички критики, есеи и музички занимливости.
Костадиновски е творец на пет значајни музички фестивали во Македонија; „Фолк фест – Валандово“, „Интерфест – Битола“, „Тетовски филиграни“ (подоцна префрлен во Скопје како „Филиграни“), „Еврофест“ и „Денови на уметноста на децата сираци од балканските држави“.
Работилницата ќе се одржи во просториите на универзитетот (Аула 1)во деновите 4 и 5 мај од 12 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.