Маскиран и вооружен напаѓач, вчера, со пиштол нападнал продавачка во колонијална продавница во Прилеп, одземајќи го дневниот промет од 27 илјади денари.
Прилепската полиција јави дека околу 20,50 часот, во Прилеп на улица Партизанска во колонијалната продавница „Кајџан Компани“, маскирано лице со закана со пиштол извршило разбојништво над вработената В.С. (44), одземајќи 27.000 денари од дневниот промет.
По преземени мерки по основ на сомнение дека е можен стрител во ПС Прилеп приведен е Б. Т. (28) од Прилеп (за кого постојат сознанија дека е можен сторител и на други вакви дела), по што против истиот по целосно расчистување и документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.