| четврток, 6 декември 2018 |

Совети за првите денови по породувањето

mama-i-beba-640x376

Неодамна сте станале мајка или пак за неколку дена е вашиот термин, сигурно ве интересира одговорот на  прашањето, што можете да направите за да му потпомогнете на организмот во опоравувањето, по 9-те месеци од бременоста и раѓањето.

За да можете многу брзо да се почувствувате силни, пожелно е да се држите до неколку едноставни совети.

Одмарајте се доволно

На прв поглед овој совет ви се чини невозможен, бидејќи малото бебе бара постојано внимание и грижи. Да, се разбира дека е така, не го негираме тоа. Но ви напомнуваме дека треба да се обидувате да го користите секој момент во кој детето спие, за да соберете сили и да се одморите.

Имајте на ум дека со секоја наредна недела, детето ќе спие сè помалку и ќе бара уште поголемо внимание. Затоа спијте сега и оставете го миењето на чиниите, чистењето на подот и други домашни обврски на своите помошници по дома, најсреќните тато, баба, дедо, итн.

Стремете се да бидете опуштени и исполнети со позитивни емоции, препорачуваат експертите.

Хранете се доволно и здраво

baby-and-veggies2

Раѓањето претставува процес, во кој се троши огромно количество на енергија. Вашето тело буквално ќе биде истоштено. Затоа во првите денови по раѓањето препорачливо е да се придржувате на балансирана исхрана. Јадете овошје, зеленчук, млечни производи и каши. Стремете се да избегнувате алергенска храна, бидејќи доите.

Пијат чиста вода и по многу!

pijte-voda-bez-nea-ste-osudeni-na-mnogu-bolesti-237783

Водата е главна состојка на човечкото тело и одлично ги обновува клетките на организмот. Таа ви е потребна секогаш, а сега  уште повеќе. Токму поради тоа е препорачливо да ја бирате водата која ја пиете.

Основното правило, пијте вода, кога ви се пие. Не се налевајте со вода, само затоа што некој ви рекол да пиете.

Грижете се за вашето тело

 

hitportal-tus1

Веќе ви спомнавме дека вашето тело е исцрпено по раѓањето. Започнете во почетокот да си го негувате телото со туш, када, креми и масла. По некое време почнете да масирате делови од вашето тело или пак, во најдобар случај, тоа може да го направи вашиот сопруг.

Тонизирањето на мускулите ќе даде неколку ефекти, ќе ви го подобри расположението, ќе го стимулира протокот на крв, ќе ги затегне мускулите итн.

Уживајте во животот и уживајте во првите денови од животот на детето

majčinski-instinkt

Има луѓе кои со доаѓањето на новиот член во семејството, почнуваат да чувствуваат жал кон мајката и грижите кои во моментот и се на глава.

Вистината е дека мајката и таткото во тој момент се најсреќните луѓе на светот. Тие имаат среќа да доживеат прекрасни денови со својот наследник. Денови кои се толку вредни и толку волшебни, што грижите не можат да ги засенат.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top