| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Берлин за време на средбата Ципрас-Меркел

Неколку десетици луѓе се собраа пред канцеларијата на германската канцеларка Анкела Маркел во пресрет на средбата со грчкиот колега Алексис Ципрас, кој околу 15 часот пристигна на берлинскиот аердром Тегел, јави дописникот на МИА од Берлин.

Собраните граѓани велат дека не протестираат туку дека сакаат да дадат поддршка на Грција пред пресудниот состанок за иднината на земјата што денеска го има новиот грчки премиер Ципрас со Меркел.

Присутните бараат дорба соработка меѓу Германија и Грција а на банерите кои што ги носат пристутните може да се прочита „Германија ја сака Грција“ и „најдете решение заедно“.

На демонстрантите им се придружија и членови на германската левичарска партија Линке која што и предходно јавно бараше Германија да има поголемо разбирање а проблемите на Грција и своите идеолошки браќа од СИРИЗА.

На собирот, дел од присутните односно една Германка и еден Грк своето барање за подобри односи меѓу двете држави го искажаа преку мини „маратон со француски бакнежи“. Средбата меѓу Меркел и Ципрас требаше да започне во 16 часот и 30 минути, а за во 18 и 15 закажана е прес-конференција.

Дел од германските медиуми предходно сугеририраа дека новата грчка влада ги организирала провладините протести во Атина и во други европски градови за време на состаноците на Еврогрупата. Неколку стотини Грци учествуаа во минатонеделните насилни демонстрации во Франкфурт за време на отворањето на новото седиште на Европската Централна Банка , една од најомразените европски институции во Грција.
Портпаролот на канцеларката Меркел предходно најави дека денеска не треба да се очекува финално решение на грчките проблеми затоа што за финансиската криза во која западна Грција треба да решаваат сите членки на еврозоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top